Достапни линкови

Меј: Со поткопувањето на Владата го отежнуваме Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј

Гласање во британскиот Парламент за плановите на владата за Брегзит ќе испрати порака до Европската унија и ќе ги отежне преговорите ако пратениците ја поткопаат официјалната позиција, ги предупредила денеска британската премиерка Тереза Мај своите министри, објави Ројтерс.

"Премиерката рече дека гласовите се важни во однос на пораката што ја испраќаат до Брисел. Таа рече дека сé што ја поткопува владата дома, ќе ги отежни преговорите со ЕУ", изјави портпарол на британската премиерка, известувајќи за содржината на состанок на нејзиниот Кабинет.

XS
SM
MD
LG