Достапни линкови

Единаесет загинати во судир на едрилица и товарен брод на реката Волга


Спасувачката операција завршила кога било најдено и последното, 11-то тело на загинат патник

Единаесет луѓе загинале при судирот на едрилица катамеран со товарен брод на реката Волга, во близина на рускиот град Волгоград, објави ДПА, повикувајќи се на информации од Интеркафс.

Официјални претставници на Министерството за вонредни ситуации соопштија дека спасувачките операции завршиле кога било пронајдено и последното тело, 11-тата жртва која била жена. Пет лица биле спасени, од кои тројца итно биле пренесени во болница.

Државната новинска агенција ТАСС цитираше неименуван службеник за итни случаи, кој рекол дека „катамеранот, кој немал соодветни дозволи за пловидба ниту идентификациски светла и кој превезувал 16 патници, можеби ги игнорирал правилата за навигација или не успеал на време да го избегне судирот со товарниот брод“.да ја види багер во времето за да избегне судир.

XS
SM
MD
LG