Достапни линкови

Косовскиот Уставен суд му дозволи на Харадинај да си ја зголеми платата


Уставниот суд на Косово попладнево донесе одлука со која на косовскиот премиер Рамуш Харадинај му се дозволува двојно да си ја зголеми сопствената и платите на членовите на неговиот Кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина.Ова значи дека нема ништо спорно во одлуката од декември минатата година, со која Харадинај си ја покачи платата од 1.400 на 2.950 евра, а двојно ги зголеми и платите на министрите, кои до сега беа околу 1.200 до 1.300 евра.

Споменатата владина одлука не можеше да се реализира до сега, поради тоа што опозициски пратеници поднесоа барање до Уставниот суд да ја испита законитоста на зголемувањето на платите на премиерот и министрите, со образложение дека се работи за конфликт на интереси.

XS
SM
MD
LG