Достапни линкови

Шпанија ќе го прифати бродот со 600 мигранти кои го одби Италија и Малта


Шпанија ќе го прифати бродот со 629 мигранти и бегалци, на кој Италија не му обезбеди пристап, соопштија од кабинетот на премиерот Педро Санчез. Валенсија е пристаништето, кое ќе го прифати бродот по упатствата дадени од Санчез, за да може Шпанија „да ги исполни меѓународните обврски при хуманитарни кризи“, гласи соопштението на владата.

Италијанските власти побараа хуманитарниот брод „Аквариус“ да биде прифатен од Малта, но и таа одби слично сценарио, а новиот министер за внатрешни работи Матео Салвини рече дека од денеска Италија „исто така ќе започне да вели „не“ на трговијата со луѓе и бизниси со илегална миграција“. Според Салвини „спасувањето на животи во морето е обврска, но не и трансформирање на Италија во огромен бегалски камп“.

Меѓу мигрантите на бродот има 123 малолетници без придружба, 11 други деца и 7 бремени жени. Повеќето од спасените се од земјите на југ од Сахара и се спасени во 6 различни операции крај брегот на Либија. Со часови бродот на добротворната организација „СОС медитеранео“, чекаше во меѓународните води меѓу Италија и Малта.

XS
SM
MD
LG