Достапни линкови

Белата куќа: Преговорите се одвиваат побрзо од очекуваното


Американскиот претседател Доналд Трамп има намера да си оди порано отколку што очекуваше од самитот во Сингапур, бидејќи како што соопшти Белата куќа, разговорите со Северна Кореја се одвиваат "побрзо отколку што се очекуваше", пред утрешниот историски самит на американскиот претседател Доналд Трамп со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун.

Белата куќа наведе дека е предвидено Трамп да го напушти Сингапур во среда наутро откако утрешниот ден ќе го помине заедно со Ким во Сингапур. Тој сепак изјави дека другата опција е да го напушти Сингапур во вторник вечер во 8 часот наутро, или скоро 15 часа порано отколку што првично беше планирано.

Како што информира АП, сé уште не е јасно каков вид конкретен напредок е направен, во прелиминарните разговори меѓу американските и севернокорејските официјални претставници, доколку воопшто постои напредок.

Светските медиуми во живо ја следат прошетката на Ким Џон Ун од Сингапур. Забележителна е колоната на неговите автомобили и големото обезбедување кое го прати. Белата куќа соопшти дека пред да се врати дома, Трамп планира да им се обрати на новинарите во Сингапур.

XS
SM
MD
LG