Достапни линкови

Ердоган: Турција ќе го исуши „терористичкото мочуриште“ во Ирак


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека Турција ќе го исуши „терористичкото мочуриште“ во северниот ирачки регион Кандил, исто како што направија во сирискиот регион Африн и во другите делови каде што се наоѓаат курдските борци.

Ердоган изјави дека Турција ќе продолжи да извршува операции против милитантните кампови во планините на Кандил, веднаш откако турската армија викендов соопшти дека погодиле 14 мети во тој регион кои и припаѓаат на Работничката партија на Курдистан.

Турција кон крајот на јануари влезе во сирискиот регион Африн и го исчисти од курдските борци, кои пак во изминатите неколку години беа најефикасни во борбата против Исламска Држава во Сирија и во Ирак. Меѓутоа Турција се плаши од Курдите и нивните заложби за самостојност, па со образложение дека сите се „терористи“ и се поврзани со забранетата партија на Курдите (РПК) влезе во соседните држави.

XS
SM
MD
LG