Достапни линкови

Советниците на Трамп во напад на Трудо: Ќе оди во пеколот секој кој забива нож в грб


Лари Кадлоу, главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, го обвини канадскиот премиер Џастин Трудо дека, како што рече, им забил нож во грб со изјавата дека „Канада нема да дозволи да биде малтретирана од американските такси“ и дека тој е причината што Трамп се повлекол од заедничката изјава од самитот Г7 , објави британски „Експрес“, а пренесоа западните агенции.

„Тој одржа прес-конференција и рече дека САД се навредливи, дека Канада мора да се брани, дека ние сме го предизвикале проблемот со таксите иако и самите имаа огромни такси. Трамп нема да дозволи Трудо да го малтретира во пресрет на неговиот самит со водачот на Северна Кореја Ким Џонг Ун“, изјавил Кадлоу.

Покрај Кадлоу, остра критика за Трудо упати и трговскиот советник на Трамп, Питер Наваро, кој во изјава за „Фокс њуз“ рече: „Постои посебно место во пеколот за секој лидер кој лошо се однесува кон претседателот Трамп“.

XS
SM
MD
LG