Достапни линкови

Александар Василевски Нинџа, баран за крвавиот четврток, се предал во Судот


Фотографија од насилствата во Собранието на т.н. крвав четврток, 27 април 2017 година

Александар Василевски - Нинџа, еден од осомничените за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, сам се пријавил во судот, го примил решението за притвор и е упатен во истражниот затвор, потврди Кривичниот суд.

„Тој сам се јавил во судот, кај судија на претходна постапка. Го примил решението за притвор одреден во негово отсуство и согласно тоа решение е уптен во истражниот затвор Скопје“, ја објави МИА потврдата од Кривичниот суд.

Александар Василевски - Нинџа повеќе од пет месеци беше во бегство.

XS
SM
MD
LG