Достапни линкови

Репортажа на АФП за Македонија: Ќе треба ревизија на учебниците


Француската новинска агенција АФП направила репортажа од Македонија, во која посебен акцент става на учебниците по историја во Македонија и начинот на кој македонските деца учат за Александар Македонски.

Новинарите на АФП се интересираат за содржината на македонските учебници по историја од падот на комунизмот, па сѐ до владеењето на Никола Груевски. Агенцијата го цитира историчарот Тодор Чепреганов кој вели дека „падот на Југославија го обнови националниот романтизам“ во Македонија, но дека „трендот го засилила ВМРО-ДПМНЕ за време на своето владеење, особено преку начинот на кој се учи за историјата“.

АФП цитира учебник за шесто одделение посветен на „македонската држава под Филип Втори“, во кој децата учат како тој ги „покорил хеленските колонии“, додека неговиот син Александар „успеал да ги победи Грците“ додека Грците го „отфрлиле“ македонското владеење.

XS
SM
MD
LG