Достапни линкови

Специјализантите до Заев: Како против политиката и непотизмот во здравството?


Заев и Филипче на трибината „Инвестираме во младите лекари, иднината на здравството во Македонија“

Платата не е единствената причина за заминувањето на лекарите од Македонија, туку и тоа што лекарите не се вреднуваат според заслуга или според работата, туку по политичка основа или по тоа што се синови или ќерки на професори. Како новата Влада планира да го смени овој систем кој со години функционира во Македонија, праша специјализантка по медицина на денешната трибина на која присуствуваа и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.

Специјализантите на трибината кажаа дека се незадоволни и од начинот и нивото на пренесување на знаењата од страна на нивните ментори, дека имаат малку практична работа, а некои се на несоодветни работни места.

Премиерот Заев кажа дека мора да постојат системски законски решенија во здравството, кои нема да зависат од поединци.

„Вакви трибини треба да има за да можеме да ги отстраниме сите слабости во нашиот систем. Дали е по линија на Заев и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, политички партии, или татко лекар, а сите други се обесправени немаат фер и еднаква шанса, најмногу можеме да ги отстраниме ако јавно, јасно и гласно зборуваме за тоа“, одговори премиерот.

XS
SM
MD
LG