Достапни линкови

Препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за економијата


Илустрација: седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Девастирачките податоци за економски раст од само 0,1%, сосекувањето на градежништвото, катастрофална реализација на капиталните инвестиции, потфрлањето во реализацијата на буџетските трошења, бараат одговорност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ брајќи Владата да сноси одговорност за лошите економски политики.

„Државата веќе влегува во ризична зона во која ќе се бори за редовна исплата на плати и на пензии, што дополнително ќе ги оптовари граѓаните кои што забрзано осиромашуваат“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат „економската катастрофа“ ја потврди и Светска Банка, како и голем број други финансиски мегународни институции.

СДСМ реагираше наведувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ конечно почнале да ги читаат извештаите на Светска банка и други меѓународни економски институции, но дека се уште не знаат добро да ги толкуваат.

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ за 11 години владеење ги читаше и спроведуваше препораките од Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд и останатите меѓунардони институции, немаше економијата да ја доведат на дното, а долгот тројно да го зголемат“, велат од СДСМ.

XS
SM
MD
LG