Достапни линкови

Вучиќ: Протестите за цените на горивата се политички мотивирани


Српскиот претседател Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, по повод протестите ширум Србија поради високите цени на горивата, денеска изјави дека „секој може да протестира, но притоа да не го крши законот“, обвинувајќи ја притоа опозицијата дека стои зад протестите.

„Ги молам луѓето да бидат трпеливи, во Србија не смее да има насилство и нималку не им се плашам, рече Вучиќ, додавајќи дека работа на Владата е да погледне „што, како и што може да се направи“.

Тој изјави и дека опозицијата говори за 1.000 луѓе кои протестираа, но во реалноста „два автомобила стоеја пред градски автобуски на Панчевачкиот мост, а потоа луѓето застануваа во колона“.

XS
SM
MD
LG