Достапни линкови

Ѕанакопулос: Оптимист сум дека Заев ќе го направи решителниот чекор за договор


Знамиња на Грција, Македонија и Европска унија.

Преговорите, но и политичката одлука за решавање на спорот со името не се лесни, господинот Заев треба да размисли за сите аспекти и да преземе голема одговорност кон неговите сонародници, нешто за што сум сигурен дека ќе го стори. Ако некои во политичкото раководство на ПЈРМ сакаат да ја поткопаат можноста за изнаоѓање решение, не е нешто што би можел да го знам, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос за грчкиот весник „Неа селида.“

„Но, оптимист сум дека на крај господинот Заев ќе го направи решителниот чекор и ќе стигнеме до договор“, вели Ѕанакоппулос и додава дека и Заев и Ципрас знаат дека решението е „неопходен предуслов за иднина на солидарност и соработка на Балканот.“

Тој додаде дека доколку постои договор, како што вели нешто што го посакува, тогаш договорот ќе ги предвидува и неопходните чекори за ратификација од двете страни.

„Но, во овој момент, во клучната точка за завршување на преговорите, не сакам да одам во повеќе детали. Можам само да ви кажам дека министерот за надворешни работи и премиерот ги имаат обезбедено сите потребни мерки за да се задржат сите обврски што треба да ги преземат нашите соседи“, рече Ѕанакопулос,

XS
SM
MD
LG