Достапни линкови

МВР: Синоќа над 40 возачи во Скопје со позитивен алкотест


Македонска полиција, МВР.

Полицијата синоќа од 22 часот до пет наутро спроведе контрола врз 304 возачи, од кои алкотестирани биле 197, а кај 43 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното, соопшти МВР.

Констатирани се и други 48 прекршоци. Од МВР најавуваат дека ќе продолжи со вакви акции, особено на територијата на Скопје.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата“, стои во соопштението на МВР.

XS
SM
MD
LG