Достапни линкови

СДСМ: Економијата се опоравува


Седиштето на СДСМ.

Економијата се поставува на здрави и реални основи по пустошот што го остави ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните да бидат спокојни бидејќи Мицковски нерелно зборува, реагира владејачката СДСМ на соопштението на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој вели дека Светска банка направила официјална корекција на проекциите за економскиот раст на земјава.

„Очигледно Мицковски се уште не собрал храброст да излезе пред граѓаните ниту да се соочи со новинарски прашања, што доволно говори дека нема аргументи и зборува нереално. Ова е потврда дека има бројни теми поради коишто Мицкоски се крие од јавноста. Фактите покажуваат, економијата се опоравува од 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ и се поставува на здрави и реални основи“, велат од СДСМ.

Мицкоски наведе дека Светска банка во својот извештај јуни 2018 ја ревидирала оценката и прогнозира дека македонската економија оваа година ќе расте за 0,9% помалку од претходната оценка, односно од 3,2 колку изнесуваше во јануари 2018 година, на 2,3 % колку што изнесува проекцијата во јуни 2018 година.

XS
SM
MD
LG