Достапни линкови

Подготовки за средбата меѓу Ким и Трамп


Илустративна фотографија.

Реткиот директен лет од севернокорејскиот главен град Пјонгјанг пристигна во Сингапур, во пресрет на самитот на 12 јуни меѓу лидерот на Севрна Кореја Ким Џонг Ун и претседателот на САД Доналд Трамп.

Авионот на „Ер Кина“ Ербас 330 се смета дека ја носи дел од делегацијата на Северна Кореја, приклучувајќи се на напредниот тим предводен од блискиот соработник на Ким, ким Чанг Сон. Е очекува Ким да пристигне во Сингапур на 10 јуни.

Трамп се очекува денеска рано да го напушти самитот на Г7 во Канада и да замине за Сингапур.

Министерот за надворешни работи на Сингапур Вивијан Балакришнан во Пекинг изјави дека се е подготвено за самитот и оти „работите ќе почнат да се случуваат во следните 24 часа.“

Во меѓувреме, поранешниот НБА играч Денис Родман на Твитер напиша дека се подготвува да отпатува во Сингапур да ги поддржи неговите „пријатели“ Ким и Трамп. Тој со Ким се сретна пет пати во Пјионгјанг.

На 7 јуни Белата куќа соопшти дека Родман нема да има никаква улога во официјалните разговори.

XS
SM
MD
LG