Достапни линкови

Силно невреме го погоди Скопје


Невреме го погоди Скопје. Паднато дрво на булеварот Илинденска.

Силно невреме го погоди Скопје со дожд, град, ветер и грмотевици. поплавени се улици и паднати се дрва во некои делови на главниот град од ветерот кој повремено достигнувал брзина над 80 колометри на час, како што информираа од УХМР.

Сите јавни претпријатија, Противпожарната бригада и сообраќајната полиција со сиот свој човечки потенцијал се на скопските улици во заеднички напори да се отстранат проблемите во најбрзо време, информираат од Град Скопје.

Во моментов екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување приоритетно работат на расчистување на булеварите и градските улици, а потоа се продолжува со помалите општински улици. Се очекува поголемите проблеми да бидат отстранети во текот на денешниот ден.

И од други скопски оштини информираат дека се излезени на терен за санација на штетите.

До Градот Скопје пријавени се 30-ина паднати дрвја врз улици и тротоари, бандери и електрични кабли, а некои од нив и причиниле и позначајна штета врз автомобили и друг приватен имот

Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север, а во попладневните часови ќе се движи кон исток, соопштуваат од УХМР наведувајќи дека попладнево се очекува поинтензивни процеси и локално да има пообилен пороен дожд, електрични празнења и услови за појава на град.

XS
SM
MD
LG