Достапни линкови

Влада: Шпекулациите за преговорите не придонесуваат кон изнаоѓање решение


Влада на Република Македонија.

Владата на Република Македонија останува посветена на изнаоѓање решение кое го штити и зајакнува достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија. Шпекулациите во овие сензитивни моменти не можат да придонесат кон оваа стратешка цел од национален интерес, соопшти денеска Владата откако медумите во регионот денеска пренесуваат информации дека пропаднале преговорите за името меѓу Македонија и Грција.

„Најважно е да се постигне квалитетно и взаемно прифатливо решение кое ќе биде одржливо. Изграденото пријателство меѓу двете држави е голем влог за заедничката иднина, а соработката во иднина само ќе се зголемува. Владата на РМ останува силно посветена на остварување на стратешките цели, членство во ЕУ и НАТО, а јасно е дека за нивна реализација неопходно е да се надмине проблемот што Грција го има со нашето уставно име", наведуваат од Владата.

XS
SM
MD
LG