Достапни линкови

Десетици загинати во напади на авганистанските Талибанци


Конвој на авганистанската Армија во областа Кала е-Зал.

Талибанските милитанти убија над 40 припадници на авганистанските безбедносни сили, соопштија авганистански официјални претставници.

Најмалку 25 полицајци денеска се убиени кога милитантите нападнале контролен пунк во областа Кала е-Зал во северната провинција Кундуз, изјави Аманадин Куреши гувернер на соседната област Имам Сахиб.

Куреши рече дека во судирите осум милитанти се убиени и девет повредени.

О западната провинција Херат, најмалку 17 авганистански војници се убиени кога талибанските борци нападнале пункт во областа Завол, изјави Јелани Фархад портпарол на провинцискиот гувернер. Тој рече дека најмалку 13 други се поврени во нападот.

Нападот доаѓа откако авганистанските Талибанци објавија тридневен прекин на огнот во врска со празникот Рамазан Бајрам, што е нивна прва понуда од ваков вид, откако владата претходно објави едностран прекин на непријателствата.

Прекинот на огнот на Талибаанците се очекува да трае од 12 до 14 јуни.

XS
SM
MD
LG