Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во капацитетите на Владата за Планот 18


Архивска фотографија-седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ на состанокот со вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи изразиле сериозни забелешки во однос на реализација на реформите од претходниот План 3-6-9 и ги потенциралепотфрлањата во сите суштински области.

Ова го соопштија попладнево од опозициската партија, по средбата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски и други партиски лица со вицепремиерот Османи кој им го презентираше нацрт планот на Владата за реформи, именуван План 18.

“ВМРО-ДПМНЕ ја пренесе пораката дека ваквите планови не смее да се третираат како ПР алатка на власта која би служела само за дефокусирање на јавноста од актуелните проблеми, туку дека мора да се реализираат суштински реформи кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Во тој контекст беше изразен сомнеж во капацитетите и волјата на актуелната влада да ги реализира преземените обврски” наведуваат од партијата.

XS
SM
MD
LG