Достапни линкови

Источното крило на НАТО бара помош поради "руската агресија"


Илустрација- логото на НАТО

Земјите членки на источното крило на НАТО, познати како букурештката деветка,побараа од алијансата да го зајакне присуството во нивниот регион поради, како што тие ја нарекуваат, руската агресија.

“Самитот на НАТО во 2018 година би требало дополнително да го зајакне единственото во алијансата и да даде целосен одговор на актуелните безбедносни предизвици меѓу кои хибридните закани со кои се соочени сојузниците”, соопштија денеска од источното крило по средбата во Варшава.

Полскиот претседател Андрзеј Дуда рече дека конкретно земјите бараат зголемено присуство во регионот. Тие исто така бараат западно воено присуство против руските хибридни техники кои вклучуваат воена, финансиска и политичка манипулација, како и хакирање и пропаганда.

Во конечниот документ, тие наведуваат дека Русија се заканувала на долготрајната визија на Европа како целина, слободна и мирна. Вотаканаречената букурештка деветкасе Романија, Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска и Словачка, сите во советската сфера на интерес.

XS
SM
MD
LG