Достапни линкови

Руски и американски генерали на состанок за безбедноста во Сирија и во Европа


Архивска фотографија- Џозеф Дунфорд, началник на здружената американска команда

Руското министерство за одбрана соопшти дека високи американски и руски генерали разговарале за безбедноста во Европа и намалување на тензиите на состанок што се одржал во Хелсинки.

Интерфакс денеска објави дека состанокот бил меѓу Валери Герасимов, началник на рускиот генералштаб и Џозеф Дунфорд, началник на здружената американска команда.

“Страните дискутираа за различни аспекти за кризата во Сирија, како и за билатерални прашања и превенција на инциденти”. Тие ја забележаа важноста на стабилизацијата на состојбата во Сирија ", соопшти руското министерство.

Во него се наведува и дека се зборувало и за намалување на тензиите и осигурување на безбедноста во Европа.

XS
SM
MD
LG