Достапни линкови

Александар Јаневски, обвинет за обид за убиство на Села, оди во куќен притвор


Кривичен суд Скопје

На Александар Јаневски Тошта, обвинет за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на насилствата во Собранието лани на 27 април, му се заменува мерката притвор со куќен притвор, потврдил Кривичниот суд.

„По правосолноста на решението тој ќе излезе од затворот Шутка и ќе биде во домашен притвор“, изјавиле за МИА од Судот.

Барањето за замена на притворот, кое е уважено од Судот, следува откако на последното судско рочиште на Јаневски му се слоши, по што беше пренесен во болница.

XS
SM
MD
LG