Достапни линкови

Џонсон: Брегзит може и да не успее, но не паничете


Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, предупреди дека „Брегзит може и да не успее“, но дека никого не треба да го фати паника, оти на крајот сепак се ќе се реши.

„Треба да прифатите дека сега работата може да пропадне. Во ред? Не сакам никого да го фати паника ако се случи тоа. На крајот сепак се ќе се реши“, изјавил Џонсон, објави Ројтерс.

Шефот на британската дипломатија оценил дека премиерката Тереза Меј сега „ќе влезе во фаза во која ќе мора да се однесува поагресивно кон Брисел“.

XS
SM
MD
LG