Достапни линкови

Албанија ќе ги бара исчезнатите во режимот на Енвер Хоџа


Постер со ликот на Енвер Хоџа од комунистичката ера во Албанија

Албанската Влада го одобри Договорот со Меѓународната комисија за исчезнати лица (ИЦМП) за отпочнување на процес за пребарување и идентификација на дел од илјадниците жртви на режимот на комунистичкиот лидер Енвер Хоџа.

Со Договорот, Владата ќе ја ангажира ИЦМП за истражување, барање и идентификација на дел од речиси шесте илјади Албанци кои биле убиени или исчезнати за време на 45-годишната комунистичка власт во земјата, процес кој почнува по околу три децении по падот на режимот.

ИЦМП обезбеди грант од ЕУ од околу 450.000 евра за отпочнување на пребарувањето и идентификација преку ДНК анализа.

XS
SM
MD
LG