Достапни линкови

Хаѕидакис: Грчката Влада прифаќа македонски јазик и македонска националност


Грката Влада прифаќа македонски јазик и македонска националност, а тоа воопшто не е сложено име, вели потпретседателот на опозициската Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за грчката телевизија Скај.

Хаѕидакис ги повтори позициите на неговата партија, дека е потребно „справување со иредентизмот во Скопје, уставна ревизија и да има комплетно и конечно решение“.

„Се согласуваат да постои македонски јазик и да постои македонска националност. Што значи, овде воопшто не ни постои сложено име. Постои само Македонија за јазикот и за националноста. Според тоа, за името, за кое што разговараме постојано, дури и Централна Балканска Република да се викаат, од моментот кога долу пишува македонски јазик и македонски националност, што разговараме понатаму?“, вели Хаѕидакис во интервју за грчката телевизија Скај.

XS
SM
MD
LG