Достапни линкови

Израел ќе се откаже од Евросонг, ако не се одржи во Ерусалим


Израел би можел да се откаже од организирање на натпреварот за песна на Евровизија, доколку не биде дозволено тој да се одржи во Ерусалим, изјави израелската министерка за култура и спорт Мири Регев. Таа изјави дека дека ќе предложи Евросонг да не се одржи во Израел ако не биде дозволено тоа да биде во Ерусалим, зошто како што образложи би било погрешно да се потрошат 14 милиони долари доколку не постои можност израелската престолнина да се покаже пред цел свет и да ја претставува на вистинскиот начин својата држава.

Коментирајќи ја можноста за организирање на Евросонг во Ерусалим, чиј статус не е разјаснет, членовите на Европската радиодифузна Унија на колегите од Израел им порачале дека натпреварот не треба да предизвикува поделби. Од ФБУ нагласија дека целта е да се избегне бојкот на државите поради местото на одржување на престижниот музички натпревар.

XS
SM
MD
LG