Достапни линкови

Османи оптимист за развојот на преговорите за името


Вицепремерот за евроинтеграции Бујар Османи денеска во Брисел изјави дека е важно да се задржи довербата меѓу Скопје и Атина.

„Лично сум оптимист. Последните метри од секоја трка се најтешки. Тука се разликуваат лидерите од другите. Треба да се издржи овој последен период од маратoнот и да заврши позитивно. Тоа ќе ја одблокира целата држава,“ вели Османи одговарајќи на прашањето што и порачал на високата претсавничка на ЕУ Федерика Могерини за време на денешната средба во Брисел.

Османи ја информирал за развојот на преговорите, во како што рече, последните часови меѓу двете страни, за напредокот меѓутоа и за разликите кои се уште постојат и дека е потребно секој добронамерен да помогне да се надминат овие разлики во позитивна атмосфера, во овој процес на меѓусебна доверба.

На прашањето дали процесот е заглавен Османи вели дека не може да навлегува во детали, поради сензитивноста на прашањето, а во врска со тоа дали има ризик да се загуби довербата, вели оти нема такви индиции.

XS
SM
MD
LG