Достапни линкови

Каматите за долгови од неплатени сметки за комунални услуги да се отпишуваат со закон


Предлог закон за отпишување на камати за наплата на долгови што произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште до Собранието поднеле пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, партијата ГРОМ и партии од парламентарното мнозинство.

„Се работи за нов закон со кој што основната цел е отпишувањето на каматите на граѓаните кои се во неповолна ситуација како должници по основ на услуги од вршители на комунални дејности како што се електрична енергија, топлинска енергија, вода, смет, телефонија, мобилни оператори, трошоци за редовно одржување на заеднички делови на зграда што се во етажна сопственост и за услуги кои се дават на корисници на вода од страна на вршителот на водостопанска дејност односно наводнување и одводнување“, рече на денешната прес-конференција пратеникот на Коалицијата „За подобра Македонија“ Панчо Минов.

XS
SM
MD
LG