Достапни линкови

Во бомбашки напад во Пакистан убиени двајца полицајци


Двајца полициски службеници биле убиени, а неколкумина биле повредени во терористичкиот напад во северната област Дир во Пакистан, соопшти полицијата, а пренесоа западните новински агенции.

„Терористичка група нишанеше кон полициско возило со импровизирана екплозивна направа. Во експлозијата беа убиени полицаецот од локалната станица, Бакт Мунаир, и неговиот возач, а двајца други полицајци беа повреден“, изјави полицискиот службеник Гул Хабиб за агенцијата „Анадолија“.

Одговорноста за нападот ја презела милитантската група Техрик-е-талибан Пакистан.

XS
SM
MD
LG