Достапни линкови

Кластер за текстил: Илјадници може да останат без работа поради минималната плата


Над 5.000 луѓе може да останат без работа поради воведувањето на минималната плата и одлуката на Уставниот суд да го укине нормираниот учинок, а некои компании, од кои дел странски инвеститори, веќе си одат од земјава, предупредуваат сопствениците на текстилни фабрики во Македонија.

Тие денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија уште еднаш побараа предвидените 50 отсто од придонесите што треба да им бидат исплатени на трудоинтензивните дејности, да се пренасочат директно кон работниците.

„Не ни треба поддршка за минималната, туку за повисоките плати, за да ги стимулираме работниците и да ја зголемиме продуктивноста, истакна претседателот на Кластерот за текстил“, Марјана Перковска.

Текстилците се пожалија и дека „по воведувањето на минималната плата станале социјални претпријатија и дека морале да земаат кредит за да обезбедат плати“.

XS
SM
MD
LG