Достапни линкови

Во иднина на Западниот Балкан ќе биде потопло, а летата ќе траат подолго


На целата територија на Западниот Балкан во скора иднина ќе има пораст на температурите за 1,2 степени целзиусови и неминовно ќе продолжи да расте за 1,7 до четири степени целзиусови, се вели во анализа на Советот за регионална соработка за последиците од климатските промени во тој регион. До крајот на векот, растот на температурите на подрачјето на Западниот Балкан може да биде алармантен, бидејќи може да надмине пет степени целзиусови во зависност од резултатите од глобалните настојувања да се намали емисијата на штетни гасови, се вели во студијата на Советот за регионална соработка.

Најтешки последици, според студијата, ќе има во земјоделието, потоа во шумарството, водните ресурси и здравјето на луѓето (зголемен број топлотни удари и продори на заразни болести).

Податоците за Западниот Балкан укажуваат на „напредување на суптропска клима кон север при што крајбрежните и јужните подрачја ќе бидат исклучително топли и суви за време на летниот период, кој според очекувањата, до крајот на векот ќе трае еден до два месеци подолго“.

XS
SM
MD
LG