Достапни линкови

Првиот шпански космонаут станува министер за наука


Шпанскиот космонаут Педро Дуке по слетувањето со руската вселснска капсула Сојуз ТМА-2 во Казахстан во 2003 година

Дваесет години по својот прв лет во вселената, првиот шпански космонаут Педро Дуке ќе стане министер, дознава Франс прес. Аеронаутичкиот инженер, кој во 1998 беше во вселената, ќе го води ресорот наука, рекле извори од Социјалистичката работничка партија на Шпанија на премиерот Педро Санчез за Франс прес.

Дуке дипломирал на Политехничкиот универзитет во Мадрид во 1986 година, а шест години подоцна е избран за учесник во програмата на Европската вселенска агенција за идни космонаути. По обуките во Русија и во САД, во 1998 година со леталото Дискавери стигна во земјината орбита, а во 2003 година беше во Меѓународната вселенска станица.

Во изминатите години, тој остро ја критикуваше досегашната влада на конзервативците предводена од Маријано Рахој поради намалувањето на буџетите за научни истражувања и образование.

Шпанскиот парламент во петокот ѝ изгласа недоверба на владата на Рахој и за нов премиер го избра социјалистот Санчез.

XS
SM
MD
LG