Достапни линкови

Земан пак му го даде премиерскиот мандат на Бабиш


Претседателот Земан уште пред неколку месеци рече дека нема намера никому да му го даде премиерскиот мандат освен на Бабиш

Чешкиот претседател Милош Земан по втор пат го назначи Андреј Бабиш за премиер мандатар, давајќи му нова шанса за формирање на Влада и за ставање крај на долгиот политички ќор-сокак, јави Ројтерс.

АНО, партијата на Бабиш, беше победник на изборите во октомври минатата година, но откако ниедна друга партија не сакаше да коалицира со неа, Бабиш формираше малцинска Влада.

Набргу потоа на Владата ѝ беше изгласана недоверба, по што политичката криза продолжи, за денес чешкиот претседател повторно да му ја додели премиерската позиција на милионерот Бабиш.

XS
SM
MD
LG