Достапни линкови

Хачисон: САД ќе ја штити Македонија од руските напади


Кеј Бејли Хачисон, постојаната претставничка на Соединетите држави во НАТО

Aмбасадорката Кеј Бејли Хачисон, постојаната претставничка на САД во НАТО, изјави дека Алијансата ќе направи се што е можно за да ја заштити Македонија од, како што вели, руската агресија и покрај тоа што процедурата за прием на земјата во организацијата се уште не е почната заради нерешеното прашање за името, пренесе РИА Новости.

„Ако спорот за името не биде решен до средбата на врвот на членките на НАТО и не биде започната процедурата за нејзин прием ќе продолжиме да работиме за заштита на земјата од штетните влијанија. Имаме блиски работни односи со Македонија, и во НАТО ќе направиме се што е возможно за да ѝ помогнеме на земјата да се спротивстави на погубното влијание од страна на Русија, било да е хибридна војна или каква била друга дејност“, истакна Хачисон на денешниот брифинг за новинарите.

XS
SM
MD
LG