Достапни линкови

Наскоро заедничка македонско-косовска владина седница


Владите на Македонија и на Косово наскоро ќе одржат заедничка седница на која ќе бидат потпишани повеќе договори за зајакнување на соработката во железничкиот сообраќај, дијаспората, одбраната, иновациите, културата, економијата...

„Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи вчера на владина седница беше назначен за координатор за седницата и тој заедно со заменик-претседателот на косовската Влада треба да го одредат датумот за одржување на седницата“, информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Македонската Влада досега заеднички седници одржа со владите на Бугарија и Албанија.

XS
SM
MD
LG