Достапни линкови

Путин: Западот ќе има корист ако ги укине санкциите кон Русија


Рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Австрија.

Русија ги надмина сите тешкотии предизвикани од западните санкции, а Западот ќе има корист доколку ги укине, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета во Австрија, што е прва во земја на ЕУ по неговиот реизбор.

\ЕУ, САД и други западни земји наметнаа санкции кон Русија за нејзината анексија на Крим во 2014 година и поддршката за проруските сепаратисти во источна Украина кои се борат против владините сили.

Путин зборубаше на прес-конференција по неговата средба со австрискиот претседател Александар Ван дер Белен за ефектот на санкциите на ЕУ врз Русија.

Тој рече дека мерките „се штетни за сите“ - за оние кои ги иницирале и за оние кон кои се насочени, додавајќи оти сите имаат интерес за нивно укинување.

XS
SM
MD
LG