Достапни линкови

СДСМ: Лажна е информацијата дека Македонија денес се задолжила


Седиштето на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ не престанува со лажните вести, со денешната аукција нема ново нето задолжување, соопшти СДСМ откако опозициската партија денекса наведе дека Заев и Тевдовски денеска ги задолжиле граѓаните за нови 22.400.000 евра

„Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за задолжувања кога токму таа партија за 11 години владеење тројно го зголеми јавниот долг“, велат од СДСМ. Оттаму додаваат дека е лажна е информацијата на ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија денес се задолжила.

XS
SM
MD
LG