Достапни линкови

МФ: Нема ново нето задолжување со денешната аукција


Нема ново нето задолжување со денешната аукција. На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 1,37 милијарди денари или 22,24 милиони евра, од кои утре ќе се вратат 1,38 милијарди денари, односно 22,46 милиони евра по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, информираат од Министерството за финансии по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

На аукцијата беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од една милијарда денари со камата од еден отсто и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 337 милиони денари со камата од 3,50 отсто.

XS
SM
MD
LG