Достапни линкови

Новаковски: Се најавува референдум, а ДИК се уште не е формирана


Одржувањето на најавениот референдум доколку се постигне решение во спорот со името со Грција може да биде проблеметичен со оглед на тоа дека се уште не е формирана Државната изборна комисија. Поставеноста на изборниот систем не гарантира дека претседателските избори, што треба да се одржат идната година, но и евентуалните предвремени, би биле слободни, фер и демократски.

Ова се ставовите на дел од учесниците на конференција организирана од ЦИВИЛ за слободни избори, пренесе МИА.

„Во моментов ДИК не работи, предвремени избори се можни, можен е и референдум. Најопасната работа е што ДИК не е формирана, а се најавува референдум. Се поставува прашањето кој го прочистува списокот кој е клучен елемент за референдумот. Така што најголемиот проблем го гледам тука“, изјави поранешниот член и претседател на ДИК Александар Новаковски.

XS
SM
MD
LG