Достапни линкови

Владата денеска пак се задолжи, обвини ВМРО-ДПМНЕ


Владата на Зоран Заев е единствената Влада што само се задолжува, а не работи ништо. Заев и Тевдовски денеска ги задолжуваат граѓаните за нови 22.400.000 евра, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната партиска прес-конференција.

„22.400.000 евра денеска ќе се зголеми долгот во Република Македонија. Очигледно е дека Заев и Тевдовски не знаат што прават. Задолжувања, задолжувања и само задолжувања. Ситуацијата е алармантна“, рече Арсовски.

XS
SM
MD
LG