Достапни линкови

ДДВ за становите ќе биде пет отсто до 2023 година


Илустрација

Граѓаните ќе можат повторно да поднесуваат барања за приватизација на градежно земијште, а стапката на ДДВ за станови останува повластена пет отсто во следните пет години, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

Како што рече министерот, направени се законски измени кои ќе излезат во пресрет на барањата на граѓаните.

„За да се излезе во пресрет на граѓаните, Министерството направи измени и во Законот за ДДВ со кој се продолжува повластената стапка на ДДВ од пет отсто заклучно до 2023 година“, рече Тевдовски.

XS
SM
MD
LG