Достапни линкови

Коѕијас очекува затворање на прашањето за името за неколку дена


Никос Коѕијас

Мислам дека доаѓа моментот да го кажеш големото „да“ или големото „не“ и ги разбираш тешкотиите што се наоѓаат пред тебе, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ во однос на последните случувања во преговорите меѓу Македонија и Грција.

Имам чувство дека раководството во нашата земја пријател на север, раководството во Скопје сега, кога треба да завршиме со ова, ги сфати големите тешкотии што постојат за имплементација на договорот и ова одигра улога да сака одново да го разгледа договорот, да разговара за одредени појаснувања за самиот договор, но длабоко сум убеден и се надевам дека ова, набргу, за неколку дена ќе се надмине, рече Коѕијас.

Тој објасни дека тоа е негово чувство дека ќе се затвори прашањето, но истакна дека „никогаш не треба да се вели никогаш, сѐ додека не паднат потписите“ и изрази надеж дека тоа ќе се случи набргу. Додаде дека 5-10 дена порано или подоцна, не прават голема разлика.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција не сакал да открие кое е договореното име бидејќи „тоа е вклучено во пакетот и ќе треба да го објават двете влади, односно двајцата премиери“.

XS
SM
MD
LG