Достапни линкови

Вселенскиот и грчкиот патријарх разговарале за МПЦ


Писмото замолница од премиерот Зоран Заев до Севселенскиот патријарх Вартоломеј

МПЦ и црковното прашање биле една од темите за кои разговарале поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос и Вселенскиот патријарх Вартоломеј на нивната денешна средба во Атина.

„За време на средбата беше разговарано за прашањата што се однесуваат на расколничката црква на Скопје, барањето автокефалност од црквата на Украина, а ги споменаа и двајцата грчки војници кои се во притвор во Одрин“, соопштија од атинската архиепископија.

Вселенскиот патријарх се сретнал со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас.

Средбата на двајцата поглавари и средбата на вартоломеј со грчкиот државен врв следува неколку дека по писмото од македонскиот премиер Зоран Заев Вселенската патријаршија да го разгледа статусот на МПЦ.

XS
SM
MD
LG