Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не се фали со имагинарни инвестиции и измислени бројки


Седиштето на ВМРО- ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше обвинувајќи ги премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев дека не знаеле како да се справат со предизвиците и проблемите во економијата.

“Тие се единствените двајца што виделе инвестиции во земјава. Никој друг не ги видел ни Гугл, ни Фејсбук, ни која било светска компанија да дојде и да инвестира во Македонија, иако Заев лажеше дека само што не почнале со работа. Впрочем, една фабрика да отвореа ќе ги преплавеа медиумите и социјалните мрежи со чочеци, како што го прославија отворањето на тунелот изграден во време на ВМРО-ДПМНЕ” наведуваат од опозициската партија.

Добро е СДСМ наместо да се фалат со имагинарни инвестиции и со измислени бројки, конечно да се обидат нешто да работат, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

“СДСМ единствено може да се пофали во првиот квартал на 2018 година со 300 милиони евра нови задолжувања кои паѓаат директно на грбот на граѓаните и во иднина ќе ги враќаат граѓаните” реагираат од партијата.

Претходно вицепремиерот Анѓушев на прес конференција рече дека во првиот квартал годинава во Македонија се влезени 235 милиони евра странски директни инвестиции и дека тоа е најуспешен квартал од кое било тримесечие од 2007 година досега и во споредба со цела 2017, но и со годишните износи во 2015, 2014, 2012, 2010 и 2009 година.

XS
SM
MD
LG