Достапни линкови

Анѓушев: Во првиот квартал 235 милиони евра странски директни инвестиции


Архивска фотографија- вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев

Во првиот квартал годинава во Македонија се влезени 235 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа е најуспешен квартал од кое било тримесечие од 2007 година досега и во споредба со цела 2017, но и со годишните износи во 2015, 2014, 2012, 2010 и 2009 година.

Ова го кажа денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, повикувајќи се на податоците изготвени врз основа на методологијата на Народната банка на РМ.

Инвестиците во првите три месеци од годинава се директни странски вложувања, како и вложувања од постојните компании во државава кои, појасни Анѓушев, продолжиле со инвестирањето препознавајќи ја поволната бизнис клима.

Тој на прес-конференцијата во Владата најави две нови инвестиции во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1 во вкупен износ од 11 милиони евра, во кои ќе се отворат по 80-тина работни места.

Вицепремиерот не го коментираше барањето за предвремени парламентарни избори што го упати опозициската ВМРО-ДПМНЕ од вчерашниот митинг, но забележа дека многу чести избори не се поволни за економските активности и оти стабилноста е важна за работењето на економијата. На критиките од опозицијата најави дека ќе одговараат со аргументи и бројки.

“Работа на опозицијата е да критикива, некојпат и неаргументирано, а јас еве денеска одговорив со аргументи. Ги канам да дискутираме со аргументи. Сметам дека опозицијата полека ќе се консолидира и ќе дојде на ниво освен од паушални оценки и едноставно политизирање да дојдеме во сфера да разговараме со аргументи”, рече Анѓушев.

XS
SM
MD
LG