Достапни линкови

Харадинај и Вулин во кавга за помирувањето меѓу Приштина и Белград


Архивска фотографија- премиерот на Косово Рамуш Харадинај

По повод изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека Косово ќе се согласи на помирување со Србите во замена за признавање на независноста, српскиот министер за одбрана Александар Вулин му постави прашање: Дали тоа сам си го смисли, или некој ти помогна?

Вулин ги обвини соседите за убиства, протерување население, уништување цркви и манастири, одземање територија од Србија.

"Го погазивте секој збор од Бриселскиот догвоор и сега се сетивте да барате Србија сето тоа да го прифати, признае и уште примирје за судирот кој не го барала ниту предизвикала", рече Вулин.

Косовскиот премиер и лидер на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Рамуш Харадинај, претходно изјави дека би прифатил помирување со Србија во замена за меѓусебно признавање, но тоа не значело и дека ќе се заборават српските злосторства врз косовските Албанци, јавува дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај рече дека помирувањето значи „да се помине преку исчезнатите, силуваните и убиените“, но не и да се заборават и да се прости за нив.

" Признавање. Што може да даде Косово за да се постигне тој договор? Едно помирување, зашто друго немаме што да дадеме. Помирувањето не е малку, тоа значи да се помине преку нашата болка, преку исчезнатите, убиените, разорот, сексуалното насилство, уништеното и ограбено стопанство... А кога ние ќе се помириме, ќе дадеме многу, многу повеќе одошто би можел некој да даде", рече Харадинај.

Тој нагласи дека не мисли дека треба да се заборави, но дека веројатно некогаш може да се дојде до помирување.

XS
SM
MD
LG