Достапни линкови

Индија и Пакистан разменија оган во Кашмир


Архивска фотографија- регинот Кашмир

Индија и Пакистан разменија оган преку контролната линија која го дели регионот Кашмир, соопштија индиските власти. Ова следува денови откако двете земји се согласија да го одржат договорот за прекин на огнот од 2003 година. Индиските власти информираа дека двајца војници загинале, а најмалку седум цивили се повредени во денешниот напад во кој тврдат дека пакистанските граничари отвориле оган кон станицата што се наоѓа на местото. Пакистан засега не коментира. Двете нуклеарно вооружени земји често се обвинуваат меѓусебно за кршење на договорот за прекин на огнот од 2003 година, а размената на оган често резултира и со човечки жртви. На 29 мај Пакистан и Индија се обврзаа дека ќе го почитуваат договорот а прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG