Достапни линкови

Предвремени парламентарни избори во Словенија


Архивска фотографија- Јанез Јанша, поранешен премиер на Словенија

Словенците денеска гласаат на парламентарни избори на кои не се очекува јасен победник, но кои може да дадат предност на антиимигрантската партија што ја поддржува унгарскиот претседател Виктор Орбан.

Гласањето се смета за предвремено бидејќи се одржува неколку недели пред редовниот датум по оставката во март на досегашниот премиер Миро Церар заради неуспешен железнички проект. Во анкети води опозициската Словенечка демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша со околу 25 отсто гласови.

Тие одат на избори заедно со нова партија и неколку умерени партии од досегашната владејачка коалиција. Ниту една партија не се очекува да добие мнозинство во 90-члениот Парламент. Право на глас имаат 1,6 милиони граѓани на државата.

XS
SM
MD
LG