Достапни линкови

Ердоган убеден во победата во првиот круг


Архивска фотографија- претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган се обраќа пред своите поддржувачи во градот Испарта

Изборите во Турција несомнено ќе завршат во првиот круг, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

"Нема никаков проблем во однос на поддршката која ја уживаме според анкетите за јавно мислење. Јасно е дека изборите ќе завршат во првиот круг", изјави синоќа Ердоган во интервју за турската телевизија Стар.

Турскиот претседател, исто така, рече дека народот на Турција му е верен, и дека тој има „значителна предност што не може да се спореди со поддршката за другите партии".

"Бројот на пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот во Ппарламентот треба да биде над 300", рече шефот на државата.

Ердоган е претседател на Турција од 2014 година. Од 2003 до 2014 година беше премиер.На 24 јуни, во Турција ќе се одржат предвремени претседателски и парламентарни избори.

XS
SM
MD
LG